Why AUBG? MK

Американски универзитет во Бугарија: Само замисли

Замислете: [Вие во Центарот]

Уникатниот образовен liberal art систем  на AUBG, вам Ве става во центарот и Ви дава безброј можности за раст и успех. Со врвни професори кои доаѓаат од пет континенти, настава во мали класови, наставна програма која е насочена кон пракса и избор на разни специјалности и насоки на студии, Вие креирате индивидуална наставна програма и се фокусирате на работите за кои имате најголем интерест. По дипломирањето, добивате меѓународна диплома акредитирана во САД и во ЕУ.

Замислете: [Динамична заедница]

Животот на AUBG никогаш не е здодевен. Можете да изберете од над 30 те студентски клубови и да присуствувате на низа настани и конференции на кампусот со меѓународни говорници. На AUBG ќе живеете и студирате во најсовремени услови. На располагање ќе Ви биде и една од најголемите библиотеки на англиски јазик во Југоисточна Европа, теретана, патека за трчање, лабораторија за MАC и студио новинарство и мас комуникации (JMC). Можете да стекнете пријатели и да споделувате искуства со некои од најдобрите студенти кои доаѓаат од над 40 блиски и далечни земји.

А кога ќе посакате да ја истражите околината, Благоевград Ви нуди голем број на  кафулиња и ресторани, пешачки патеки и историска област кои можете да ги посетите, додека Софија е на еден час возење, Грција, Македонија и Србија се наоѓаат зад аголот, а до повеќето европски метрополи може да стигнете по само краток авионски лет.

Замислете: [Утре]

По дипломирањето, станувате дел од голема и цврста меѓународна мрежа на алумни, која се стреми да направи разлика во регионот и светот. Нашите дипломци продолжуваат да студираат на некои од најдобрите универзитети во светот како Harvard, MIT и London School of Economics и работат за компании како Google, BBC and Unicef  или основаат свои успешни бизниси.

We are Social